Русија соопшти дека нема да бара од Европската унија укинување на санкциите, туку ќе одговори на нив, пренесе руската агенција РИА Новости.
-„Имаме доволно сопствени залихи и алтернативи. Европската унија не е центар на вселената“, изјави портпаролот на руското МНР Николај Кобрец, пренесува Ројтерс.
Русија рече дека ќе одговори на санкциите на ЕУ, велејќи дека 27-те земји-членки може да сфатат дека не се заинтересирани за конфронтација со Москва, пренесе РИА.
„Потезите на Европската унија нема да останат без одговор. „Неодговорните санкции од Брисел веќе негативно се одразуваат на секојдневниот живот на обичните Европејци“, рече Кобринец.