Британска филијала на меѓународната рударска компанија Гленкор се изјасни за виновна пред британскиот суд за корупција низ Африка, јавува Би-Би-Си.
Подружницата на Гленкор е обвинета за поткупување пристап до сурова нафта.
Британскиот оддел за сериозни измами соопшти дека Гленкор преку своите вработени и други посредници дал повеќе од 28 милиони долари мито (26,5 милиони евра) во Нигерија, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Екваторијална Гвинеја и Јужен Судан.
Пресудата е закажана за ноември годинава.
Glencore, чие седиште е во Швајцарија, веќе најави дека очекува да плати до 1,5 милијарди долари (1,4 милијарди евра) со спогодбата.