Чеченскиот лидер и еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, Рамзан Кадиров, е унапреден.
„Сакам да споделам уште една добра вест со вас. Претседателот на Русија ми додели чин генерал-полковник. Указот е издаден под број 709. Мене лично ме извести Владимир Владимирович и ми честиташе“, ја сподели веста Кадиров на својата Телеграм.
Тој рече дека е неизмерно благодарен на рускиот лидер за овој потег. „Ова е голема чест за мене. Давам збор дека однапред ќе ја оправдам укажаната доверба“.
Кадиров додаде дека нивните војници во моментов спроведуваат успешни офанзивни акции на територијата на самопрогласената република Доњецк и во областа Керсон.
„Тие ослободуваат едно по едно населено место и стратешки важни точки“, рече тој.