25-годишното момче од Битола, Петар Дрогришки, по кое се трагаше два дена, денес е пронајден. Веста ја објави сестрата на Петар, Сара Исијановски која напиша:
– Петар е пронајден, здрав и жив! Ви благодариме на сите што учествувавте во потрагата – напиша неговата сестра на Фејсбук.
Фотографијата на Петар и апелот за негово пронаоѓање беше објавен на социјалните мрежи вчера, откако тој не се вратил дома 24 часа.