Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места и особено во крајните западни и источни делови врнежите ќе бидат пообилни, а на југоистокот ќе има услови и за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде воод 7 до 12 степени, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Како што соопшти УХМР, од ноќта кон понеделник од север ќе настапи заладување што ќе услови позначително спуштање на температурите. Врнежите в понеделник и краткотрајно и во вторник на планините ќе бидат од снег, а понекаде и особено во северните делови ќе има услови за појава на снег во пониските места.
Во следните три дена минималната температура ќе биде од -3 до 8 степени, а максималната од 3 до 13 степени.