More

    Променливо облачно време со максимална температура до 18 степени

    spot_img

    Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој на места ќе достигне брзина и над 60 километри на час. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

    Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

    Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

    Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

    В сабота ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Од недела ќе преовладува стабилно време со магла по котлините.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img