Принцезата од Велс вчера првпат се појави во јавност откако беа објавени мемоарите на принцот Хари „Резерва“ на 10 јануари, во кои нималку пофалните приказни за неа заземаат важно место.
Кејт Мидлтон на фотографијата која одекна речиси како споменатата книга, изгледа мрачно и замислено.
Принцезата од Велс била многу замислена додека го возела автомобилот, фотографирана во близина на својот дом во Виндзор. Исто така, остава впечаток на голема загриженост и ја нема нејзината препознатлива широка насмевка.
Не е чудно што многу луѓе нејзиното расположение го поврзуваат со сето она што се случуваше во последните 10 дена, а што принцот Хари го изрази во книгата, иако фотографиите секако не се нејзин одговор на семејниот скандал.
ФОТО: Инстаграм