Со блокадата на десната страна од булеварот „Илинден“ со автобуси, приватните автобуски превозници на „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ и денеска го изразуваат своето незадоволство поради неисплатениот долг од страна на ЈСП. Протестот почна во 6 часот утрово.Од тие причини СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот Илинден.
Како што информира МВР, посебен сообраќаен режим има од крстосницата на Илинден со булеварот Св. Климент Охридски до крстосниците со булварот 8 Септември и околните улици.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници.