More

    Претседателот Стево Пендаровски доби пар рачно нацртани уникатни патики од дизајнерот Сатја Грабулоски

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски доби пар рачно нацртани уникатни патики од дизајнерот Сатја Грабулоски. Патиките од марката Најки се специјално изработени за претседателот Пендаровски, а на нив се нацртани Македониумот и претседателскиот грб.

    Специјалните патики се дел од изложбата „Зад Македониумот“ што се отвори вчера попладне во претседателската палата, а на која ќе може да се видат скици, цртежи, фотографии и макети од личната колекција на Јордан и Искра Грабулоски, автори на еден од најпознатите споменични обележја во земјава, Македониумот во Крушево.

    Во своето обраќање на отворањето, претседателот Пендаровски рече дека благодарение на семејството Грабулоски, на Лира Грабул и на Сатја Грабулoски, може да се видат интимните и детаљни творечки процеси, повеќеслојните наративи, визии, дилеми и перспективи кои се одвивале при уметничкото и архитектонско осмислување на „Македониумот“.

    – Споменикот на Илинден во Крушево, познат како Македониум, е несомнено најкомплексното и би се осмелил да кажам, најрепрезентативното скулптурално-архитектонско дело кое е возвишен израз на нашата современа уметност, култура и архитектура – рече меѓу другото Пендаровски.

    Изложбата во Кабинетот на претседателот се организира по повод одбележувањето 31 година независност на Македонија и преку неа се претставуваат значајните дела од богатата современа македонска културно-историска ризница.

    Изложбата „Зад Македониумот“ ќе биде отворена до 30 септември, а посетителите ќе може да ја видат со претходно закажување за влез во претседателската вила, преку платформата Отворен кабинет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img