Поранешниот сопруг на пејачката Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал (52) минатиот викенд го изговори судбоносното „да“ на 19 години помладата избраничка Мелис Сутшуруп (33).
По венчавката во турската амбасада во Рим, Италија, на почетокот на јуни, парот направи гала-венчавка во Мармарис, Турција, за 80 луѓе, а која траеше два дена.
Парот на свадбата пристигна во розов автомобил за голф-терени. Мелиса за овој важен ден избра елегантна бела венчаница, додека Мустафа се одлучи за сив костум. Свадбата се одржа во прекрасната градина на хотелот Мармарис, кој беше специјално декориран за таа пригода.
Покрај украсните сијалици, свеќи, цвеќиња, на плажата беа поставени и две фигури во форма на М, што е почетната буква од нивните имиња.
Иако невестата блескала и добила комплименти за изгледот и венчаницата, Мустафа го украде шоуто. Како што пишуваат турските медиуми, пејачот непосредно пред венчавката се подложил на естетска корекција.
Отокот на лицето на Мустафа Сандал ја одбележа венчавката. Тој го привлече вниманието со промената, а сите зборуваат дека бил на естетска операција или вбризгал ботокс. Многумина мислат дека непосредно пред венчавката, Мустафа отишол да си ги избрише брчките, за приближно да изгледа како неговата 19 години помлада сопруга. Сепак, не му пошло од рака, бидејќи бил отечен, пишуваат турските медиуми.
Инаку, детаљот кој ги изненади сите е дека на свадбата која беше најавувана не присуствуваа двата сина на Мустафа и Емина. Само Јавуз присуствуваше, додека Јаман не, а невестата бил и нејзиниот син кој го доби со поранешниот партнер.
ФОТО: Инстаграм