Полска разгледува планови да го следи примерот на Естонија и Летонија и да го ограничи пристапот на руските граѓани до визи, јави ДПА.
– Полска работи на концептшто ќе овозможи на Русите да не им се издаваат визи – изјави денеска полскиот заменик-министер за надворешни работи Пјотр Вавчик.
Заменик министерот истакна дека неговата земја ја поддржува идејата за воведување на повеќе санкции од страна на Европската унија кон Русија поради војната во Украина, вклучително и воведувањето забрана за издавање визи за Русите на ниво на ЕУ.
– Меѓутоа, влијателни земји од Европската унија, вклучувајќи ги Германија, Франција и Холандија, се против тоа – нагласи тој.
Германија и Европската комисија се против воведување забрана за издавање визи за Русите на европско ниво, јави ДПА.