More

    Полицијата не им дозволува на новинарите да работат во близина на црквата Свети Спас

    spot_img

    Неопходно е да се обезбедат услови за непречено известување на новинарите, како за самиот роденден на Гоце Делчев, така и за денеска, реагираше Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) откако неколку медиумски работници се пожалиле оти не им било дозволено да снимаат во близина на црквата „Свети Спас“ во Скопје.

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на односот на полициските службеници кои во текот на денешниот ден спречувале новинари и медиумски екипи да си ја вршат професионално својата работа.

    „До ЗНМ пристигна реакција од повеќе колеги новинари и медиумски работници кои биле спречени при вршење на професионална работата на јавен простор околу  црквата Св. Спас каде се наоѓаат моштите на Гоце Делчев. На прашањето зошто не смеат да снимаат, од службата за комуникации при МВР добиле одговор дека имаат таква наредба, притоа без детали за одлуката. Бараме од МВР да овозможи пристап и да не го попречува правото на работа на новинарите и правото на информирање на граѓаните. ЗНМ бара од МВР да овозможи пристап за новинарите и медиумските екипи, на локациите за кои новинарите сметаат дека се важни за јавноста, со цел да се заштити слободата на известување и јавно информирање. Со почит кон безбедносните протоколи и проценки на МВР, укажуваме дека тие не треба да водат кон цензура во која новинарите и јавноста би биле лимитирани или целосно ускратени за информациите кои се поврзани со овој настан од исклучителен јавен интерес“, се вели во соопштението на ЗНМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img