Четири лица од кои три малолетни се приведени во текот на ноќта при контрола во угостителски објекти во целата земја, соопшти МВР.
Полицијата констатирала едно кривично дело по член 215 од Кривичниот законик каде при преглед кај П.Р. (25) од Неготино бил пронајден кокаин. Затекнати биле 11 малолетни лица, а констатирани се и две кривични дела по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица. Притоа затекнат е странски државјани без соодветна документација за регулиран престој.
Контролата била извршена денеска во периодот од 00.00 до 04.00 часот од секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција.