Во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(31) од Велес. Тој се сомничи дека на 14.03.2022 влегол во градинка на ул.„Коле Цветков“ во Велес и од магацинскиот простор одзел повеќе производи.
М.З. бил приведен во полициска станица, а одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.