Руското „чудо од дете“, Камила Валиева, која се најде во центар на внимание поради допинг-тестот на кој паднала во декември, повторно доминираше на мразот во уметничко лизгање и заврши на првото место по првиот ден од кратката програма, по што се расплака поради хоророт низ кој мораше да мине во претходните денови.
Ова 15-годишно девојче најпрво беше суспендирано, по што реагираше Рускиот олимписки комитет и ја укина казната, по што Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) соопшти дека нема да се одржува церемонија ако се искачи на победничкиот подиум, а со денешниот настап покажа дека залудни се критиките и повторно ја остави конкуренцијата зад себе.
Валиева беше неверојатна, па освои вкупно 82,16 поени и го презема првото место, додека зад неа останаа Ана Шербакова со 80,20 бодови и Јапонката Лаори Сакамото со 79,84 поени.
Најдобрите 24 девојки по кратката програма се квалификуваа за слободниот програм, кој ќе се одржи во четврток, 17 февруари од 11 часот.