На траектот кој превезувал речиси 300 луѓе од Шведска за Летонија избил пожар, кој брзо бил изгаснат, а нема информации за повредени.
Пожарот на камионот ладилник, кој властите го опишаа како „ограничен“, избувнал кога траектот бил северно од шведскиот остров Готланд во Балтичкото Море.
Никој не е евакуиран, а еден од присутните изјавил дека патниците се собрале на горната палуба за можна евакуација.
Шведската фериботска компанија Stena Line објави дека на бродот имало 241 патник и 58 членови на екипажот.
Фериботот со патници ќе биде влечен до шведското пристаниште Нинашамн, соопштија властите.
Во близина на траектот има седум бродови и три хеликоптери.