More

    Пожар во викендица на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, во Леуново

    spot_img

    Рано утрово избил пожар во викендица на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, во Леуново, објавија Телма и МКД.мк повикувајќи се на информации од полицијата.

    Пожарот бил пријавен во 6:10 часот утрово од викендицата која се наоѓа во близина на хотелот „Радика“ во селото Леуново.

    Засега не се познати причините за пожарот. Нема повредени. Пожарот го изгаснала противпожарна единица од Гостивар.

    „Утрово во 6.10 часот, М.З. (51) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека настанал пожар во внатрешна инсталација на викенд куќа во село Леуново, сопственост на неговата мајка, во која престојувал“, изјавиле од полицијата за МКД.мк.

    Во текот на денот ден ќе се изврши и увид на местото на настанот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img