Македонската претставничка на Евровизија 2022, Андреа Коевска веќе неколку дена заедно со евровизиската делегација е во Торино, Италија. За помалку од една недела, Андреа ќе настапи на втората полуфинална вечер на 12 мај, борејќи се за пласман во финалето, што ќе се одржи на 14 мај.
Андреа пред неколку дена ја имаше првата техничка проба на евровизиската сцена, а денеска се случи и втората генерална проба.
Одлична, моќна изведба на Андреа, а официјаниот јутјуб-канал на Евросонг објави кратко ексклузивно видео од настапот.
Андреа ја отпеа „Circles“ oблечена во црно од глава до пети, минималистички, но ефектен стајлинг.