Легендарниот актер Ентони Хопкинс го прослави Божиќ на несекојдневен начин во неделата на 25 декември и предизвика лавина од смеа и позитивни коментари кај следбениците од целиот свет.
Имено, славниот Ханибал на социјалната мрежа Твитер објави видео во кое се забавува и танцува на незаборавниот хит на Леонард Коен „Dance Me to the End of Love“.
Легендарниот актер кој е обожаван ширум светот, објави кратка, но моќна порака заедно со видеото на кое танцува:
– Роди се слободен. Биди слободен. Среќни празници – напиша Хопкинс.
Секако, Ентони Хопкинс со оваа содржина уште еднаш им го разубави денот на многу луѓе ширум светот.