More

    Пејачката Теа Таировиќ е приведена во Шведска

    spot_img

    Пејачката Теа Таировиќ е приведена во Шведска, и тоа во истиот фустан што го носела истата вечер на нејзиниот настап во еден клуб, објавија српските медиуми.

    Поради што на рацете ѝ биле ставени лисици не е познато, но била видена во присуство на полицајци со лисици на рацете.

    Исто така, засега не е познато дали е уапсена за време на настапот или кога ја завршила свирката.

     

    По веста за нејзиното приведување, Таировиќ се огласи на Инстаграм и раскажа што навистина се случило.

    „Го работев тоа што го правам секој викенд – пеев. Го завршив настапот и заминав на аеродром. Сега сум во Софија. Што се однесува до спорните фотографии на кои наводно имам лисици, само ќе кажам дека стоев со рацете зад грбот. Тоа го правам често бидејќи имам болки во ‘рбетот, а покрај мене се припадници на обезбедувањето, што е нормално. Да имав лисици, не ќе можев да настапувам, ниту пак, сега вака да ви се обратам“, порача таа.

    Да потсетиме, пејачката Теа Таировиќ пред неколку месеци беше приведена на аеродромот во Германија. Тогаш била уапсена на аеродромот, од финансиската инспекција.

    – Точно е, ја пуштија. Како што кажав, таа пречекори три дена во Шенген зоната, па поради тоа ја задржаа. Нејзиниот пасош е многу пополнет бидејќи многу патува и работи и затоа процедурата траела подолго. Пред две недели дојде до пропуст, кога ѝ беа истечени 90-те дена. Се слушнавме, таа е добро и сега сѐ е во ред – изјави тогаш нејзиниот менаџер.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img