More

    Петков: Мојот ПР тим од брзање го исекол македонскиот премиер од сликата

    spot_img

    Бугарскиот премиер Кирил петков денеска пред медиумите рече дека неговиот ПР тим од брзање го исекол македонскиот премиер Димитар Ковачевски од заедничката фотографија со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

    – Просторот на Минхенската безбедносна конференцијата е многу мал за разговори. Тоа е неговиот шарм. Сите зборуваат со секого и на сите мои фотографии, обично има вкупно 5-6 лидери. Со постот што го направив, тоа сакав многу јасно да го кажам пред нашите меѓународни партнери, дека локалната корупција во во Бугарија е и надворешна политика – изјави Петков.

    Фамата со фотографијата тој ја опиша како наметната глупост од сили кои не сакаат прогрес во преговорите.

    – И во Бугарија и во Северна Македонија сите се обидуваат со некоја глупост да не извлечат од дијалошкиот, конструктивен тон. Така јасно кажав во мојот следен пост на Фејсбук дека кој на каква фотографија е, не е важно за нашата заедничка стратегија – додаде Петков.

    Одговорот на Петков може да го видите во 7-та минута од видеото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img