Русија не планира да ги снабдува со гас и нафта оние држави, што го поддржуваат ограничувањето на цените, соопшти денеска Кремљ, додавајќи дека ќе донесе конечна одлука по анализа на сите бројки.
– Отсега остануваме на ставот на претседателот Владимир Путин, дека нема да испорачуваме гас и нафта на земјите што би поставиле и ќе се придружат на ограничувањето, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Но, како што додаде Песков, „мораме сè да анализираме, пред да го формулираме нашиот став”.
Г7 сака да ја ограничи цената на руската нафта на 65 до 70 долари по барел.
Европската Унија се обидува да ги договори горните граници на цената на гасот, а бидејќи повеќе земји се незадоволни со предлозите, продолжуваат разговорите на таа тема.