Претседателот Стево Пендаровски денеска му го честиташе 99-от роденден на Никола Стојановски, учесник во НОБ, како и претседател на Главниот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ.
– Среќен роденден, Никола Стојановски, 99 години исполнети со инспиративни приказни, животни премрежја и достигнувања заслужуваат восхит – порача Пендаровски на роденденската средба со Стојановски.
Шефот на државата му приреди изненадување на славеникот, па 99-годишниот Стојановски доби торта на која беа испишани две деветки.