More

    Парите со кралицата сѐ уште ќе важат

    spot_img

    Новите монети со слика од кралот на Велика Британија, Чарлс Трети беа покажани првпат денеска. Паричките од 50 пени ќе влезат во оптек за неколку недели.

    Освен тоа, ликот на кралот е претставен и на специјалните монети од 5 фунти. Портретот е дело на британскиот скулптор Мартин Џенингс. Монетите ја следат вековната традиција на монархот свртен влево – спротивно од неговиот претходник.

    Како и со претходните британски кралеви и за разлика од кралицата, тој на сликата не носи круна.

    Кралот Чарлс Трети лично ја одобрил сликата и, според наводите, тој е задоволен од сличноста.

    Ен Џесап, извршна директорка на Кралската ковачница, истакна дека монетите обично траат 20 години, така што и парите со ликот на кралицата Елизабета Втора и новите ќе бидат заедно во оптек уште неколку години.

    – Луѓето не треба да се грижат ако имаат монети со кралицата. Ќе ги задржиме и овие монети во оптек… Луѓето користат различни начини на плаќање, но навистина сакаат да користат и монети, од многу различни причини – изјави Џесап.

    Новата монета ќе биде во оптек заедно со оние со ликот на покојната кралица, така што тие 27 милијарди парички и натаму ќе бидат прифаќани во продавница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img