More

    Официјално: Новак може да оди во Австралија

    spot_img

    Австралискиот министер за имиграција Андрја Жилес потврди,Новак Ѓоковиќ ќе може да учествува на Австралија опен во јануари следната година.

    Тој донесе одлука да ја укине тригодишната забрана за влез во земјата на српскиот тенисер, кој беше депортиран од Австралија на почетокот на 2022 година.

    Министерот Жилес рече дека го одобрил барањето на Ѓоковиќ за укинување на одлуката бидејќи веќе нема основа за укинување на визата.

    „Подоцна на г-дин Ѓоковиќ му беше одобрена привремена виза за влез во Австралија“, се вели во соопштението на Жилес.

    Веста дека на Новак ќе му биде дозволено да игра на првиот Грен слем сезонава, излезе во вторник, а еден ден подоцна Би-Би-Си објави дека добил дозвола од Одделот за имиграција.

    Ѓоковиќ победи девет пати во Мелбурн и освои вкупно 21 Грен слем титула, односно една помалку од рекордерот на Рафаел Надал.

    Австралија опен ќе се одржи од 16 до 29 јануари следната година.

    Новак моментално е во Торино на Финалниот АТП турнир и на коло пред крајот на групната фаза обезбеди пласман во полуфиналето. В петок во последниот меч од „црвената група“ ќе се сретне со Данило Медведев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img