More

    Откако ставиле фотоволтаици постојано гледаат во небото

    spot_img

    За да ги намалат трошоците за струја македонските фирми летово побрзаа да постават фотоволтаици на своите покриви. Само во штипскиот регион 30 компании побарале дозволи за градба на фотоволтаични централи на покривите на своите објекти, покажаа податоците на Одделението за урбанизам на Општина Штип.

    Една од нив е и текстилната конфекција на Кирил Нашков, кој за МИА вели дека инвестицијата била неопходна за опстанокот на компанијата.

    – Фотоволтаиците на покривите на стопанските објекти станаа атрактивни со скокањето на цената на струјата. Ние, за среќа, во нашата фирма веќе имавме поставено и тоа пред да се случи енергетската криза. Така што некако полесно поминуваме. Се појавија многу фирми кои монтираат и сè уште не се регулирани сите правила на игра со државата, дозволи и некако нè затекна оваа криза – вели Нашков.

    Тој посочува дека фирмите сега се пренатрупани од понуди од фирми, кои поставуваат фотоволтаици на покривите на објектите.

    – Летото помина, па ќе видиме сега и сончевите денови како ќе бидат. Ќе треба време за да се врати таа инвестиција. Сè зависи од цената на струјата. Бевме доведени во ситуација да мораме да поставиме, инаку, другата опција беше за месец, два или три да се затвори фирмата. Таква беше состојбата кај повеќето фирми – вели Нашков.

    Тој вели дека секоја фирма во кругот на индустриската зона на поранешен „Астибо има поставено фотоволтаици на покривите. Прашан кои се проблемите за поставување фотонапонски панели за производство и дистрибуција на струја, Нашков вели дека многу фактори се во игра.

    – Сè зависи од местоположбата, од местото, може да има и проблеми со мрежата на ЕВН. Проблемите со вадење на дозволите се стандардни, секогаш. Мислам дека на ова Владата треба да поработи. Има некое поместување за физички лица, но за фирмите ќе треба да се олесни – додава Нашков.

    МИА побара и мислење од Ангел Димитров, менаџер на светиниколската конфекција „Мода, а на јавноста познат и по раководењето на Организацијата на работодавачи. Втора година на покривната конструкција на овој стопански капацитет има две соларни централи. Неговите искуства се позитивни со производство на струја од сонце.

    – Скоро 90 проценти од таа струја ја користиме за наши потреби. Доколку ги немаме фотоволтаиците, сметките за струја би биле за една третина поголеми. Тоа значи дека за една третина имаме намалување на трошоците, затоа што соларните панели произведуваат само кога има сонце, кога е чисто и нема облаци. Се случува кога сабајле ќе почнеме со работа да нема струја од фотоволтаиците, тогаш ние ја купуваме таа струја – вели Димитров.

    Бзнис-секторот очекува неизвесна зима, иако цената на струјата на светските берзи во моментов се оценува како добра. Движејќи се од 250, на моменти и до 150 евра, засега оваа цена е задоволителна за компаниите, но Димитров и Нашков велат дека ризикот им доаѓа по Нова година.

    – Мислам дека тука треба да се направат добри анализи по сектори. Да се види каде трошокот за електрична енергија е драстично зголемен. Ако лани, на пример, трошокот бил 10 отсто, сега ќе биде 40 отсто во вкупните трошоци на компаниите. На таквите компании треба да се помогне – вели Димитров.

    Нашков додава дека е нормално бизнис-секторот да бара мерка повеќе и дека секоја помош е добра за стопанството, а особено за нив како текстилен сектор. Текстилните компании во моментов имаат нарачки од странските партнери, но сè зависи од моќта на партнерите и колку ќе можат да ја зголемуваат цената на производите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img