More

    Отворен македонскиот културен клуб во Благоевград

    spot_img

    Отворен е македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград. Отворањето на клубот, според основачите, е со цел да ги зближи двата народа и да се надминат разликите.

    – Ова е клуб којшто ќе помогне во Бугарија да ја препознаат македонската култура, а со неа и македонскиот народ. Културниот момент е тој којшто навистина може да ги зближи народите и да ги надмине разликите, беше речено на отворањето на клубот.

    На отворањето присуствуваа генералниот секретар во Кабинетот на претседателот на државата Миле Бошњаковски и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на Левица Димитар Апасиев.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски пред отворањето на клубот изјави дека претставниците на ВМРО-ДПМНЕ се тука за да искажат поддршка кон Македонците во Бугарија.

    Претседателот на Левица Димитар Апасиев рече дека очекува подобрување на односите затоа што во европска држава тоа е правило.

    – Ова е прв македонски клуб што се отвора, иако е формално, правно и легално, знаете дека бугарската држава не дозволува. За разлика од фашистичките клубови што се отвораат во нашата држава, ова е име на анти-фашист и на комунист и од тој идеолошки аспект даваме целосна поддршка на ваквите клубови. Нема тензии, не правиме тензии. Очекувано беше да дојдат премиерот и претседателот бидејќи ова е историски настан, но тие не се одважија – рече Апасиев.

    Отворањето на клубот го следат голем број новинарски екипи, а има и засилено полициско обезбедување.

    Наспроти македонскиот клуб, во организација на ВМРО – Бугарско национално движење отворена е изложба со бугарското знаме и слика од цар Борис Трети и дел од македонските револуционери, меѓу кои Гоце Делчев и Јане Сандански, проследена со гласна музика. ВМРО-Бугарско национално движење одржува и протест во центарот на Благоевград пред споменикот на Гоце Делчев.

    За време на настанот дојде до вербален инцидент, помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и еден бугарски граѓанин. Додека Мицкоски положуваше цвеќе пред споменикот на Димитар Благоев, големиот идеолог на комунистичкото движење во Бугарија, кој себе си во многу наврати се идентификувал како Македонец, а по кого е крстен и Благоевград, во близина бугарски граѓанин опремен со звучници, пушташе гласна бугарска патриотска музика, по што дојде до вербална препирка меѓу него и Мицкоски. Нарекувајќи го Мицкоски предавник, граѓанинот побара од него да зборува бугарски, по што насобраните граѓани почнаа да скандираат „Македонија, Македонија”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img