Министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија, истакна дека францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процесa.
– Францускиот предлог ја утврдува рамката за преговорите за членство, додека протоколот е билатерален документ со кој редовно се следи имплементација на договорот. Коинцидираат временски, затоа што во дел од овој пакет на односи со Република Бугарија за да се даде согласност за европскиот, треба да се потпише и овој договор. Mеѓутоа тие два документа не се меѓусебно поврзани – истакна Османи.
Османи истакна дека протоколот може да ја пресликува динамиката на европскиот процес, но европскиот процес не смее да пресликува динамика на протоколот кој се однесува на билатерални прашања кои ние ги имаме во односите со Република Бугарија и обврските што ги имаат тие спрема нас во ЕУ.