На многумина им е добро познато дека при сексуален однос чукањето на срцето се забрзува, но дали може да се случи да престане да чука? Според податоците од новата студија, тоа е можно.
За потребите на истражувањето, беа проучувани информациите собрани од околу 4.500 луѓе кои доживеале ненадеен срцев удар. Од сите случаи на ненадеен срцев удар, само 1 процент од нив се случиле за време на сексуална активност, заклучува студијата.
„Иако оваа состојба е опасна и може да предизвика смрт, шансите да се случи додека имате секс се мали“, коментира д-р Самит Коф, директор на Институтот за срце во Лос Анџелес и автор на студијата. Таа додаде дека резултатите од истражувањето служат да се претстават пред пациентите со кардиоваскуларни заболувања.
Тоа ретко се случува, но познато е дека во 94 проценти од случаите се случило кај мажи, па така 1 од 100 случаи на срцев удар за време на секс е забележан кај мажи, а 1 од 1.000 случаи кај жени.
Луѓето кои доживуваат ненадеен срцев удар за време на сексуалниот однос обично се на возраст од околу 60 години и веројатно веќе имале проблеми со срцето кога тоа им се случило.