Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од вечерва по полноќ поскапува дизел горивото за 3 денари по литар, нафтата за домаќинствата за 2,5 денари, поскапува и мазутот, додека цените на бензинот не се менуваат.
Од вечерва по полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 89,00 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 97,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,252 (денари/килограм)