ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Димитар ковачевски поради неговото однесување во врска со францускиот предлот.
Од партијата велат дека откако премиерот видел дека цела држава е против предлогот и тој ретерирал иако , како што наведуваат, францускиот предлог е и со негов потпис.
-Ковачевски 6 месеци го преговарал и договорил последниот предлог кој доколку не беше реакција на народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе де прифатеше и ќе значеше бугаризација за државата. Од Ковачевски пред еден месец биле побарани забелешки на предлогот, тој немал ниту една. Ковачевски сакаше да го протурка предлогот на мала врата, затоа и целиот процес го водеше тајно, без почитување на македонските интереси.Откако е фатен жив како преговарал и договорил предлог кој е во корен спротивен на македонските интереси, тој ретерира и манипулира – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека Ковачевски не може повеќе да го лаже народот.
-Интелектуалците, академската заедница, новинарите, колумнистите и ВМРО-ДПМНЕ го разоткрија и не дозволија бугаризација на државата.Ковачевски треба веднаш да си поднесе оставка. Потребни се избори. Ковачевски, но и СДСМ и ДУИ немаат никаков основ да продолжат да ја водат владата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.