More

    Ова е втора водечка причина за смрт во светот

    spot_img

    Бактериските инфекции се втора водечка причина за смрт во светот по срцевите заболувања, според големото истражување објавено во вторникот, кое ги именуваше Staphylococcus aureus и pneumococcus како две најсмртоносни бактерии.

    Студијата, чии резултати беа објавени во магазинот Lancet, избра триесетина бактерии, најчести причинители на инфекции, а научниците се обидоа да проценат колку смртни случаи се поврзани со нив.

    Истражувањето е спроведено како дел од таканаречениот „глобален товар на болеста“.

    Оваа огромна истражувачка програма, финансирана од фондацијата Бил Гејтс, е од неспоредливи размери и вклучува неколку илјади истражувачи од многу земји во светот.

    Авторите заклучија дека „смртните случаи поврзани со проучуваните бактерии претставуваат втора водечка причина за смрт во светот“ по коронарните срцеви заболувања, меѓу кои се издвојуваат срцевите удари.

    Од 7,7 милиони смртни случаи поврзани со бактериски инфекции, еден од осум се припишува на ефектите од Staphylococcus aureus и пневмококните инфекции. Овие податоци датираат од 2019 година, пред пандемијата на Ковид-19.

    Од триесетте избрани бактерии, пет од нив предизвикуваат повеќе од половина од смртните случаи: стафилококус ауреус, ешерихија коли, пневмокок, клебселија пневмонијае и бацил пиоцијанин.

    Staphylococcus aureus е „главна причина за смрт од бактериска инфекција во 135 земји“, покажа студијата.

    Но, кај децата на возраст под пет години, пневмококните инфекции се најсмртоносните.

    Истражувачите велат дека овие резултати се јасен показател дека бактериските инфекции се „итен приоритет“ во јавното здравје.

    Оттаму апелираат на ангажман за превенција од инфекции, помудро препишување на антибиотици, особено за да се избегне отпорност на овие лекови, како и поефикасна употреба на вакцините.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img