Факт е дека здравата исхрана е една од клучните работи во процесот на слабеење, а одредена храна може да биде особено корисна за вас.
Нутриционистката Лаура Бурак изјавила дека јајцата се меѓу најдобрите намирници. Истражувањето од 2014 година покажа дека луѓето кои јадат јајца за појадок се чувствуваат сити подолго време и можат значително да ја намалат телесната тежина за кратко време, пренесува b92.
Спанаќот и брокулата се корисни и за слабеење бидејќи се нискокалорични, но богати со влакна и други есенцијални хранливи материи. Покрај тоа, тие го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.
Не заборавајте да јадете сезонско овошје. Имајте на ум дека треба да го купувате од маркети кои продаваат квалитетни производи, а не од оние кои содржат голема количина на пестициди. Истражувањето објавено во списанието PLOS Medicine откри корелација помеѓу консумирањето овошје и губењето на тежината. Најдобри резултати дадоа јаболката, крушите и бобинките.
Многу преливи за салата се полни со калории и маснотии, па купете добар или направете си. Доколку секојдневието ви е зафатено и немате време да се посветите на детално подготвување здрава храна, набавете јогурт, свежо сирење и слично.