Американскиот Институт за воени студии во својот најнов извештај наведува дела Украина има иницијатива на фронтот и е на пат да постигне огромна победа во регионот Херсон.
– Дополнително, украинското ослободување на Херсон нема да биде последната победа на Украина во војната – оценува Институтот за воени студии.
Аналитичарите на Институтот предвидуваат дека борбите ќе продолжат не само на југ, туку и околу градот Бахмут во источниот регион Доњецк, единственото место каде руските сили сè уште се обидуваат да нападнат и да заземат територија. И во северниот регион Луганск украинските сили продолжуваат да вршат контранапад.
Русија вчера потврди дека нејзините сили се повлекуваат од регионот Херсон, а украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Украина ослободила дури 41 населба.
Во меѓувреме продолжуваат руските гранатирања на Киев. Во главниот град денеска ќе биде воведено вонредно исклучување на електричната енергија поради новите напади врз енергетски објекти. Во вторникот од мрежата беа исклучени 904.000, а вчера 746.400 потрошувачи, јавија украински медиуми. Претходно, владини претставници соопштија за рестрикции на електричната енергија, со ограничено улично осветлување.