More

    Нови 77 заразени со ковид-19

    spot_img

    Во последните 24 часа направени се 1.084 тестови, а регистрирани се 77 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

    Во Скопје има нови 29 заболени, во Битола 20, Прилеп, Велес, Гостивар и Охрид по 5, Тетово 2, а по еден нов случај во Куманово, Кавадарци, Струмица, Кочани, Струга и во Гевгелија.

    Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 8 реинфекции.

    Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

    Регистрирани сe 101 оздравени пациенти.

     

    Направени се 1.084 тестови преку: ИЈЗ-122, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-43, ЦЈЗ Прилеп-8, ЦЈЗ Тетово-14, ЦЈЗ Куманово-29, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-8, УК Пулмологија со алергологија –10, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–51, Жан Митрев (Филип Втори)-24, Авицена-33, Биотек-40, Систина-21, лабораторија Лаор-11, Синлаб-1, Ремедика-12, Плодност-6, Генеа-20, Никоб Лаб-58, ВФВ Медикал-8, Ели Медика Плус-10, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 465.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.027.591 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.140, бројот на оздравени пациенти е 300.208, на починати е 9.284, а бројот на активни случаи изнесува 648.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img