Шакира (46) пред две недели објави песна без наслов во која директно ги прозива поранешниот партнер Жерар Пике (36) и девојката со која ја изневерувал Клара Чиа Марти (23). По објавувањето на песната, шпанските медиуми пишуваа дека Марти побарала психолошка помош, а сега тврдат дека е хоспитализирана поради напад на паника.
Клара наводно била хоспитализирана во вторникот во болница во Барселона откако доживеала напад на паника, како последица на драматичните настани од минатиот пат, пренесува „Марка“.
– Клара отиде во болницата „Квиронсалуд“, приватна клиника лоцирана во Барселона, за да можат лекарите да ѝ го зачуваат здравјето по овој проблем што сериозно и влијаеше на дишењето – открија водителките Лаура Фа и Лорена Васкез во нивниот подкаст „Ел Периодико“.
Во емисијата „Y ahora Sonsoles“ (А сега Сонсолес) беше откриено дека Клара редовно ја посетува клиниката за да ги контролира своите проблеми со нападите на паника.
Да потсетиме, шпанскиот новинар Саул Ортиз пред неколку дена откри дека Клара отишла во куќата на нејзините родители за да се извлече од хаосот со кој била опкружена, иако таа сноси дел од одговорноста за целата ситуација.
– Требаше да побегне бидејќи не ѝ е добра душевната состојба. Не е лесно да се биде 23-годишна девојка, додека цела Шпанија и светот зборуваат за тебе. Сето тоа зема замав и таа требаше да направи чекор понатаму – додаде тој.