More

    Новата вакцина на „Фајзер“ против омикрон-сојот веројатно ќе доцни неколку недели и нема да биде достапна до крајот на месец март

    spot_img

    Новата вакцина на „Фајзер“ против омикрон-сојот веројатно ќе доцни неколку недели и нема да биде достапна до крајот на месец март, како што беше планирано, објасни првиот човек на компанијата „Фајзер-Бајонтек“, Угур Шахин, за германски Билд. Тоа според Шахин е поради забавеното прибирање на податоци, јавува Ројтерс.

    Но, компанијата сè уште размислува дали вакцината да ја пушти во оптек. Шахин изјави дека кога таа ќе биде развиена, компанијата тогаш ќе процени дали навистина е потребна.

    – Ако бранот (со омикрон) заврши, тоа не значи дека тој нема да може повторно да започне – изјави тој, додавајќи дека неговата компанија може да прави вакцини приспособени на новите соеви.

    Претходно, компанијата „Модерна“ објави дека ќе развие РНК вакцина насочена кон омикрон-сојот.

    За време на овој бран, постојните вакцини се покажаа како помалку ефикасни против новиот вид, а сепак во голема мера штитат од тешки болести и смрт, особено ако се прими трета доза.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img