More

    Новак Ѓоковиќ и неговите фантастични достигнувања во тенисот често се објаснуваат не само со упорното тренирање и талент, туку и со вниманието на здравјетo

    spot_img

    Новак Ѓоковиќ и неговите фантастични достигнувања во тенисот често се објаснуваат не само со упорното тренирање и талент, туку и со вниманието на здравјето, кое се заснова на специфичен начин на исхрана.

    Самиот Новак повеќепати одбиваше да се декларира како веган или вегетаријанец.

    – Сето тоа се етикети кои подоцна погрешно се толкуваат – наведува како причина, пренесува „Лепа и сречна“.

    Тенисерот вели дека неговата исхрана е „базирана на билки“ повеќе од четири години и дека цело време игра на исто, многу високо ниво.

    Новак и Јелена не користат шеќер во исхраната, но српскиот тенисер не бега од јаглехидратите. Неговиот ручек најмногу се базира на тестенини и нудли, па на тој се обезбедува со јаглехидрати, но секогаш станува збор за тестенини без глутен.

    Кога станува збор за слатките, постои една позната анегдота кога по освојувањето на турнирот во Австралија во 2012 година, кога изел само една коцка од чоколадото, а остатокот од таблата останал недопрен. Затоа на теренот секогаш при рака има урми, одличен поради многу нискиот гликемиски индекс. Од овошјето богато со шеќер јаде и банани, а секој ден зема по две лажички мед манука. На крајот, во неговата исхрана има многу јаткасти плодови и семки.

    Токму тоа се и состојките во колачите на Јелена, намирници кои постојано ги има во фрижидерот. Затоа, експериментирајте и сами, советува таа – измешајте мелени јаткасти плодови по вкус, додадете урми, но и кокосово масло, можеби нешто од бобинки – јагоди, малини. Какаото и индиските ореви можат да бидат одлични додатоци. Промешајте и формирајте бомбици од смесата и оставете да се излади.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img