More

    Никола Пелц Бекам негираше дека има спор со свекрвата Викторија Бекам

    spot_img

    Никола Пелц Бекам, снаа на Викторија и Дејвид Бекам, ги демантираше гласините дека таа и нејзината свекрва не се согласуваат и не разговараат.

    27-годишната актерка изјави за Variety дека се сомнева дека гласините за расправија во семејството Бекам започнале кога таа се омажила со Бруклин Бекам (23) во фустан од друг моден дизајнер, наместо нејзината свекрва.

    Ѕвездата на серијата Бејтс мотел на тој начин ја откри вистинската причина зошто не ја избрала свадбената креација на Викторија Бекам. „Одев и навистина сакав, но тогаш Викторија дозна дека нејзиното ателје нема да може да го изработи фустанот навреме, па морав да изберам друг. Таа не рече дека не треба да го носам (фустанот, оп. а.), а јас не реков дека не сакам да го носам“.

    Таа до свадбениот олтар прошета во фустан на Валентино.

    Бруклин, исто така, ги негираше гласините за спор. „Научив дека секогаш ќе се трудат да напишат нешто слично. Но, сите се согласуваме, што е добро“, изјави тој за Variety.

    Таткото на Никол е милијардерот инвеститор Нелсон Пелц. Според неименуван извор, тој им понудил на ќерката и на зетот поддршка во нивните идни деловни потфати. Се верува дека младиот пар сака да лансира модни линии и линии за убавина. Викторија и Дејвид Бекам веќе го направија тоа во минатото.

    Познатиот фудбалер и моден дизајнер, поранешен член на музичката група Spice Girls, покрај Бруклин има и три деца: 19-годишниот Ромео, 17-годишниот Круз и 11-годишната Харпер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img