14.4 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Илјадници кубици на фекалии преку каналот Студенчишта се слеваат во Охридското Езеро, надлежните ненадлежни?

НАЈЧИТАНО

Охрид не заслужува да го носи епиетот Туристички центар, уште повеќе да се дичи со УНЕСКО, ако се знае фактот дека во Охридското Езеро се слеваат илијадници кубици на фекалии.

Оваа слика може да се види на излезот од каналот „Студенчишта“ попознат кај туриститте како „Билјанини Извори“  на самото устие на каналот во Охридското Езеро или како што охрижани го викаат местото кај Трската!!

Она што може да се види на лице место е одводна цевка Ф-100 од која истекуваат Фекалии, Пелени, Влажни марамици и друг фекален отпаден материјал кој доваѓа од зградите на  улица АСНОМ и се слева директно во Охридското Езеро.На овој дел од каналот „Студенчишта“каде е сместаена и марината за пловни објекти, силно се осеќа непријатен мирис на фекалии и никого мрава не го лази?!

ЈП КОЛЕКТРОСКИ СИСТЕМ НЕНАДЛЕЖЕН ?!

Реадкцијата Охридскај побара објаснување од директорот на Јавно претпријатие „Колектроски системи“ Владо Алексиески,кого го запрашавме ,како е возможно фекална канализација да се слева во Охридското Езеро ,надвор од колекторскиот систем кој треба да го заштитува Охридското Езеро од фекалната канализација?

-„Занеме за неведениот проблем , но таа одводна цевка не е во надлежност на „Колектроски системи“.Истата одводна цевка која се слева во Охридското Езеро на излез од каналот „Студнчишта“ преставува дождовна канализација и е во надлежност на ЈП „Нискоградба“,која треба да се грижи за дождовната канализација.Точно е дека неколку стамбени згради од улица АСНОМ имаат приклучено канализациона мрежа во дождовна канализација,но за тоа треба да ги запрашате од Нискоградба“,истакна директорот на „Колектроски системи“ Владо Алексиески.

И додека надлежните институции си ја префрлаат топката за надлежност во Охридското езеро се слефаат илијадници кубици на фекалии.

Додека сите си ги перат образите,Државниот санитарен и здравствен испекторат има законска должност и обврска да направи уви на лице место,да зема мустри за нализа и доколку е потребно изврши затворање на цел комплеск на плажи кој се во непосредна близина на загадувачот и даде налог на надлежна иституција веднаш и недоложно да го острани загадувачот.

С.Д

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО