More

    Ковачевски: Не треба да има загриженост дека постои некаков документ во којшто се прифатени барања само на една страна

    spot_img

    Не треба да има загриженост дека постои некаков документ во којшто се прифатени барања само на една страна, истакна премиерот Димитар Ковачевски за емисијата „Само интервју“ на Канал 5, одговарајќи на  прашањето, колку сме блиску до изнаоѓање на заедничко прифатливо решение со Бугарија во контекст на заложбите на претседателот Макрон за време на претседателствувањето на Франција да се направи исчекор во однос на проширувањето на ЕУ.

    – Се спомнува и преговарачката рамка, но преговарачката рамка е мултилатерален документ којшто го одобруваат сите земји членки на ЕУ и кој што, на крај и ние треба да го одобриме. Тоа е документ во однос на кој најголемиот дел од европските држави не дозволуваат билатерализација на рамката со оглед на тоа што рамката претставува преговори со ЕУ и усогласување, односно пат на кој една држава се интегрира во ЕУ –  истакна премиерот.

    Што се однесува до изјавата на претседателот Макрон и претседателот на Европскиот совет Мишел  за создавање Европска политичка заедница во кој би влегле сите европски држави кои не се членки на ЕУ, премиерот Ковачевски оцени дека овој предлог повеќе би се однесувал на држави кои што треба да ги исполнат критериумите во однос на отпочнување на процесот за интеграција во ЕУ како Украина, Молдавија, Грузија.

    – Ние практично имаме процес кој е дефиниран токму на предлог на претседателот Макрон за пристапување кон ЕУ преку кластеризација на поглавјата. Само за илустрација, ние имаме веќе усогласено 45% од нашето законодавство со ЕУ. Доколку ја погледнете споредбата на нашата усогласеност и хармонизираност со европската легислатива визави држави од соседството кои преговараат и по 10 години, ние имаме поголема усогласеност  со европската легислатива. Ги имаме исполнето сите услови во однос на отпочнување на преговорите, по прашање на усогласеноста и поставеноста на институциите, за позитивните извештаи. Од наша страна се имаме направено – оцени премиерот.

    Тој истакна дека неотворањето на преговорите со ЕУ нема да биде пораз за Северна Македонија, туку пораз за ЕУ.
    – Тоа е пораз за ЕУ. Сметам дека е така затоа што неотворањето на преговорите ќе значи намалување на релевантноста на ЕУ, ќе значи зголемување на евроскептицизмот, ќе значи намалување на посветеноста на самите граѓаните кон процесот. Да не заборавиме ние имаме направено голем број на жртви, голем број на тешки одлуки за да ја оствариме таа цел – потенцираше Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img