Принцот Алберт Втори и принцезата од Монако завчера биле забележани во Монако, на настанот на Друштвото за заштита на животните (СПА). Никој не можел да верува во тоа што го гледа. Пинцезата била среќна и вљубена, а Алберт изгледал задоволно покрај неа.
Инаку, принцезата Шарлин е позната како „најтажната принцеза во светот“, со оглед на тоа што од венчавката со принцот Алберт се соочувала со последиците од неговите бројни неверства.
Но, изгледа дека на тоа сега дошло крајот. Откако се вратила од лекување од швајцарската установа, Шарлин е видно среќна и задоволна, а последното појавување на кралскиот пар на Монако сите ги воодушевило.
Секогаш елегантна, принцезата Шарлин и сега останала верна на својот минималистички стил, па ги воодушевила сите присутни во белата кошула која ја искомбинирала со црни панталони.
Исто така по турбулентниот животен период и ситуации во земјата, принцезата која е позната како „најтажна принцеза на светот“, ја покажала насмевката.
Присутните биле изненадени дека таа била толку блиска со својот сопруг додека му шепкала на уво и тоа пред собраните луѓе, а тие еден со друг си се смешкале истовремено, што за нив тоа е навистина реткост.
Шарлин и Алберт од Монако присуствувале на црковната служба во спомен на Елизабета Втора, по што во текот на викендот ѝ оддале искрена почит на кралицата.
Принцот и принцезата од Монако делувале длабоко замислено додека присуствувале на верската служба за покојниот монарх во англиската црква на свети Павле во Монако, пренесува „Дејли мејл“.
ФОТО: Инстаграм