Нуклеарниот реактор Олкилуото 3 (ОЛ3) денеска почна со производство на електрична енергија, по значително задоцнување на плановите, а се очекува во декември да започне редовната работа, соопшти операторот ТВО. „Фабриката сега е најмоќниот капацитет за производство на електрична енергија во Европа“, се вели во соопштението на финскиот оператор.
Капацитетот на OL3, кој се наоѓа на југозападниот брег на Финска, е 1.600 мегавати.
Таа е трета најмоќна електрана во светот, по двете кинески.
ТВО на почетокот на септември објави дека целосната моќност на реакторот треба да се достигне на почетокот на октомври.
Стартувањето на реакторот OL3 се следи со интерес во Финска, со надеж дека ќе може да одговори на енергетските предизвици во текот на претстојната зима поради недостигот што се влоши со прекинот на испораките на руски гас во Европа и електрична енергија во Финска.