More

    Настаните од Буча предизвикаа нова реакција од ЕУ

    spot_img

    Европската унија размислува за дополнителни санкции против Русија и релевантните предлози ќе бидат разгледани в среда, објави Фајненшл тајмс.

    „Понатамошни санкции и поддршка од ЕУ се на пат“, соопшти синоќа претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел преку Твитер, како реакција на настаните во Буча.

    „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека се очекува амбасадорите на ЕУ да разговараат за нова рунда антируски санкции во среда.

    Новите ограничувања би можеле да бидат насочени кон поединци, но може да опфатат и забрана за руски бродови да ги користат пристаништата на ЕУ. Можни се и ограничувања на извозот и снабдувањето со енергија, пишува „Фајненшл тајмс“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img