More

    Напади на критичната инфраструктура на исток и запад, експлозии во Киев

    spot_img

    Русија ја нападна стратешката енергетска инфраструктура на Украина во североисточниот дел на Харков и западниот дел на Лавов во саботата, експлозии се слушнаа во Киев, а рускиот напад врз станбена зграда во центарот на Днепар повреди најмалку 10 лица, соопштија украинските власти.

    -„Извршени се итни прекини на струјата“ по два напади на инфраструктурата, изјави гувернерот на Харков, Олег Синегоубов. Властите во Лавов предупредија на прекини во снабдувањето со струја и вода.

    Во меѓувреме зборуваше и градоначалникот на Киев кој рече дека во градот се слушаат експлозии и дека е активирана противвоздушната одбрана.

    Најмалку 10 лица, меѓу кои и две деца, се повредени во саботата во руски напад врз станбена зграда во централниот украински град Днипро, изјави регионалниот гувернер.

    Кирил Тимошенко од кабинетот на украинскиот претседател изјави дека 15 лица веќе се извлечени од урнатините. Тој објави и фотографија на која се гледа деветкатница, чиј дел е целосно урнат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img