More

    На денешен ден била создадена Македонската револуционерна организација

    spot_img

    Денеска го славиме 23 октомври, денот кога во Солун во 1893 година била создадена МРО, Македонската револуционерна организација. Таа е столб на македонската државност и идејата за независна Македонија.

    Сѐ се случило во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов, каде се собрале Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.

    Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава. Познат е фактот дека партизанските одреди во Македонија носеле имиња на славни Илинденци.

    23 октомври се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.

    Организацијата потоа неколкупати ги менува имињата, станувајќи македонско-одринска, што значи, го опфаќа и регионот на градот Одрин (Едрене). Се среќава како ТМОРО, ВМРО, ВМОРО…

    Зад автономниот принцип на МРО се криела поголема цел, а тоа е создавање на слободна и независна македонска држава. Тоа го потврдуваат и сведоштвата на првите луѓе на организацијата. Христо Татарчев истакнува дека револуционерите не се раководеле од друга тенденција, освен од идејата за слободата и добробитта на целиот македонски народ. Во весникот Право во 1902 година јасно се истакнати целите на организацијата:

    „Внатрешната револуционерна организација ќе му даде на секој да реазбере дека работи за единството и независноста на Македонија, како слободна држава на Балканскиот Полуостров. Таа организација, давала и во иднина ќе дава докази дека не е агент на никоја од балканските држави, туку агент само на македонската слобода и независност. Со таквите докази таа постепено ќе ги остранува племенските разлики во Македонија и ќе го организира идниот, ако и разнобоен, но способен да се самоуправува мирно и тивко, македонски народ“.

    Организацијата имала тајна полиција, тајна пошта и четнички институт. Највисок орган бил Конгресот кога заседавал Централниот комитет. Познати се многу одржани конгреси во тоа време. Македонија била поделена на повеќе окрузи за полесно раководење на територијата: Солунски, Битолски, Скопски, Струмички, Серски, Одрински округ.

    Бурната историјата на МРО, или понатаму ВМРО и ВМОРО ги вклучува организацијата на Илинденското востание и другите востанија на македонскиот народ. Периодот по востанието и меѓу двете светски војни ќе биде одбележан со вмешувањето на Софија и бугарскиот двор во Македонија. Тоа ќе резултира со поделби во организацијата на македонистичко и врховистичко крило и на братоубиствени атентати среде Софија во кои во најголем дел биле ликвидирани токму Македонци.

    Во годините што следат, идејата за независна Македонија ќе продолжи преку неуморната работа на индивидуалци и групи во и надвор од Македонија без разлика на нивната идеолошка позадина. За тоа постојат многу примери. Заветот на Гоце Делчев, на Димо Хаџи Димов, на Гемиџиите, илинденските републикански идеи ќе останат во македонската меморија. Во екот на Втората светска војна Македонците ќе застанат на страната на антифашистичката борба и ќе го продолжат овој идеал до создавање сопствена модерна држава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img