Нема одење во тоалет, нема користење влошки, а за да ослабнеш подобро да „јадеш“ само кафе или уште пошокантно – памук за да те засити. Ова се некои од бизарните тајни на светски познатите манекенки кои модната индустрија пробува да ги прикрие. Да, сите знаеме за екстремните диети кои некои манекенки ги следат, но овие неколку нешта кои Викторија Кејн ги открила за јавноста изгледаат навистина загрижувачки.
Ако го изгубиш редот нема тоалет?
Девојките не можат да користат тоалет дури и ако имаат менструација. Самата Викторија признала дека носела исклучиво црна облека кога имала циклус, за да не се видат евентуалните дамки од крв. Причината е во тоа што има премногу кастинг девојки и штом ќе го изгубите местото во редот поради одење во тоалет, мора да се вратите на крајот на редот.
Нема користење хигиенски влошки
Влошките не смеат да се користат бидејќи се исцртуваат на одредена облека. Тампоните се дозволени, но под одредени услови. Конецот не смее да се познава, за случајно да не се види од долната облека. Поради ова, моделите најчесто го сечат со ножици, поради што имаат проблем да го извадат подоцна.
Нема пиење течности 12 часа пред ревија
Модната ревија е голем настан, а за тој ден телото на манекенката мора да биде совршено. Во една прилика, самата Адријана Лима открила дека 12 часа пред снимање или ревија воопшто не внесува течности.
Памук за да се заситиш, опасна навика
Неодамна манекенката Сани Педерсен ја отвори Пандорината кутија кога изнесе застрашувачки факти за жртвите што моделите ги прават за да ги задоволат наметнатите стандарди за убавина.
– Видов како 16-годишна манекенка речиси ќе се убиеше. Јадеше памучни вати само за да преживее, а да остане слаба – наведува Сани.
Памучната вата останува доволно долго во желудникот за да ве засити, но ова е само еден од низата опасни трикови на кои прибегнуваат манекенките.
Кафе за доручек, ручек и за вечера
Самата Викторија признала дека не ѝ било лесно. Кога дошла во Њујорк, пушела по 20 цигари дневно и живеела само од кафе. Резултатот?
– Немаше доволно месо на моите коски – признала таа.