Разузнавачите на неформалната коалиција „фајв ајс“, предупредија дека новите разузнавачки информации покажуваат дека Русија е подготвена да изврши силни кибернапади врз ривалите кои ја поддржуваат Украина.
Членовите на разузнавачката мрежа „Фајв ајс“ (Five Eyes) – САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд – рекоа дека Москва може да ги вклучи и постоечките киберкриминалци во нападите врз владите, институциите и бизнисите.
„Разузнавањето покажува дека руската влада ја истражува можноста за потенцијални кибернапади. Некои групи за киберкриминал неодамна јавно ветија поддршка за руската влада. Некои групи, исто така, се заканија дека ќе спроведат кибероперации против земји и организации кои обезбедуваат материјална поддршка на Украина“, се вели во извештајот на „Фајв ајс“.