More

    Мораме да го спречиме продорот на Русија

    spot_img

    Нападот на Русија врз Украина е пресвртница која јасно покажува дека Европа мора да биде подготвена стратешки да инвестира во нејзината долгорочна безбедност, а тоа особено важи за односите со Западен Балкан, нагласи германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок пред посетата на Сараево, Белград, Приштина, а потоа во Молдавија. Во изјавата таа истакна дека денешниот мир на Западен Балкан можеби не е совршен, но е скапоцен.

    „Мораме отворено да кажеме дека во последните години разочаравме и запоставивме многу од тие земји. Актерите како Русија притискаат на оваа отворена страна, кои немаат интерес за европската иднина и не се двоумат повторно да ги разгорат нерешените конфликти. Сега патувам првенствено во Западен Балкан за да слушнам што луѓето таму очекуваат од нас сега, но и да им објаснам дека нема да го оставиме тој регион во срцето на Европа на влијанието на Москва“, рече Бербок.
    Таа посочи дека Европа во последните денови покажа дека е ефикасна и решена да се спротивстави на агресивните постапки на рускиот претседател. Сега, смета таа, неопходно е Европа да покаже дека е подготвена со истата енергија да се вклучи на креативен и ориентиран кон иднината во земјите од европското соседство.

    „Луѓето во регионот ќе не мерат по тоа дали нашите зборови се проследени со дела. Германија има суштински интерес за политички стабилен и економски просперитетен Западен Балкан, чии земји се ориентирани кон Европа. За тоа ќе се залагаме и на претстојните политички разговори, како и во стратешките инвестиции, пред се во обновливите извори на енергија“, додаде таа.

    Бербок вели дека сака да се соочи со германскиот приоритет, а тоа е Западен Балкан. Затоа германската влада создаде нова функција на специјален пратеник за Западен Балкан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img