More

    Мицкоски смета дека тој е нокаут со продолжено дејство

    spot_img

    Целосно ќе се фокусираме на решението околу францускиот предлог. Оваа Влада веќе неколку часови преку нарачани бриф-реченици во медиумите да создава голем триумф. Можам да заклучам дека овој модифициран предлог го немаме видено, но можеме да споделиме дека врз основа на информациите со кои ние располагаме дека е ништо друго освен два модифицирани зборови различни од претходниот предлог, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција пред седиштето на партијата.

    – Ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство. Сето ова е врз основа на наши извори – додаде Мицкоски за денешниот француски предлог што пристигна во Владата.

    Претседателот на најголемата опозициска партија прашува „од каде знае Еди Рама дека овој предлог е прифатлив за Македонија и народот“.

    – Првата индиција дека сме во нокаут со продолжено дејство, е што ова веднаш го прифатија Радев и Петков. За нив е одлично решение. Ако е така, што е тогаш различното за нашиот премиер да го бендиса? Втората индиција: откај знае Еди Рама, од каде тој ја има информацијата а ние ја немаме? И третата индиција е бидејќи Владата на СДСМ И ДУИ имаат слаб карактер и традиција на предавство. Место прво народот и опозицијата да ги запознае, тие првин го прифаќаат – рече Мицкоски

    Иако не го видел предлогот, тој вели дека модификацијата е само мала семантичка игра во зборовите – наместо протокол, ќе се вели „енуал ривву“, а во рамката останува членот 12 од Договорот со Бугарија кој се однесува на историјата, па затоа останува на тврдењето дека со договорот ќе се врши асимилација на македонскиот народ.

    Тој потенцираше и неколку пати ја повика владата и Ковачевски, доколку е толку прифатлив предлогот на франција, веднаш уште вечерва модифицираниот предлог од Франција да биде објавен на интернет страницата на владата, па тогаш сите, вклучително и граѓаните ќе може да го дадат својот суд.

    Мицкоски на вечерашната прес конференција рече дека партијата ја сменила одлуката и од утре нема да протестира поради зголемените цени, со цел да се фокусира на новиот француски предлог.

    – Иако најавив дека ќе му предложам на ИК да имаме протести уште утре поради драматичниот удар врз стандардот на граѓаните, со оглед на зголементото ниво на претпазливост околу чекорите со францускиот предлог и потенцијалното предавство на државните интереси, одлучив таа одлука да се смениме и целосно да се фокусираме на решението. Овој модифициран предлог го немаме ниту видено, ниту прочитано – рече Мицкоски на почетокот на прес-конференцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img